Пеколен распоред во борбата за Ла лига – Сите противници на Реал Мадрид и Барселона до крајот на шампионатот

Барселона и Реал Мадрид до крајот на Ла лига ќе водат жестока борба за титулата. Во последните осум натпревари големите ривали влегуваат со ист број на освоени бодови 65. Поради подобриот меѓусебен дуел доколку вака заврши шампионатот „кралевите“ ќе бидат нови шампиони на Шпанија. Двата тима до крајот имаат ист број на домашни и гостински натпревари по четири.

Реал Мадрид до крајот ќе ги пречека Мајорка, Хетафе, Вилјареал и Депортиво Алавес, додека треба да им гостува на Еспањол, Атлетик Билбао, Гранада и Леганес. Од друга страна Барселона до крајот биде домаќин на Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Еспањол и Осасуна, а ќе им гостуваат на Селта Виго, Вилјареал, Реал Валјадолид и Депортиво Алавес.

Се вчитува...