Пеколно и на трибините во Севилја: Специјалците „удрија“ по БББ (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Севилја и Динамо Загреб од шестнаесетфиналето од Лига Европа покрај атракциите на теренот доживеа и пекол на трибините каде специјалците „удрија“ по навивачката група на „модрите“, Бед Блу Бојс.

Причината за сударот помеѓу полицијата и навивачите не е позната, но на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како специјалните сили интервенираат на трибината каде се наоѓаат околку 1700 навивачи на загрепскиот клуб.

За среќа ситуацијата не ескалираше и истата траеше помалку од една минута по што се смирија страстите.

Се вчитува...