Пеколно трио во Далас? Ирвинг го кани Леброн во Мавс

Кајри Ирвинг се обудува да го искористи своето пријателство со Леброн Џејмс за да го примами да се приклучи на Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми. Со тоа би се створил нов пеколен конкурент за титула на Западот кој во своите редови ќе го има и суперталентираниот Лука Дончиќ.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс веќе еднаш беа добитна комбинација за титула застанувајќи на патот на „династијата“ Голден Стејт во дресот на Кливленд. Во фантастичната финална серија во 2016 година беше испишана и историја во која еден тим успеа да се врати од негатива од 3-1 за освојување на титула.

Според последните информации и самиот Џејмс е отворен за премин во Далас каде реална шанса за освојување на својот  петти прстен.

Но, за да создаде триото Леброн-Ирвинг-Дончиќ потребно е тројцата да прифатат и сериозно намалување на платите. Ирвинг е слободен играч, но „Кралот“ во договорот со Лос Анџелес Лејкерс има уште една сезона во која треба да заработи речиси 47 милиони долари со опција за продолжување на соработата и во сезоната 2024/25 за 50.6 милиони долари.

Се вчитува...