Пеле ги исмеа Аргентинците: Мојата генерација ќе ги победи ‘само’ со 1-0, сепак, имаме по 75 години

Легендарниот Бразилец, Пеле, не ја пропушти можноста да ја исмее селекцијата на Аргентина за очајните игри во првите две кола од Мундијалот во Русија. Тој искористи едно интервју во руските медиуми за да се пошегува на сметка на Лионел Меси и „гаучосите“.

Рускиот новинар го прашал Пеле дали неговата генерација може да ја совлада сегашната репрезентација на Аргентина.

„Господине Пеле, дали мислите дека вашиот тим од 1970 година би можел да ја победи сегашната генерација на Аргентина?“

Пеле одговорил потврдно.

„Да, со 1-0“. Сепак, најголем дел од мојата генерација сега имаат по 75 години“, изјавил легендарниот бразилски фудбалер.

Се вчитува...