Пелегрини и закажа на Рома четвртфинале со Јувентус во Купот на Италија

Рома е последниот четвртфиналист во Купот на Италија откако славеше во осминафиналната пресметка против Парма со 0-2. „Волчицата“ во четвртфиналето ќе се соочи со Јувентус.

Триумфот на Рома против Парма и го донесе Пелегрини со двата погодоци, првиот во 49. минута на асистенција на Калиниќ, а вториот во 76. минута од пенал.

Четвртфиналето против Јувентус е закажано за 21. јануари. Во останатите четвртфинални пресметки се соочуваат Наполи – Лацио, Торино – Милан и Интер – Фиорентина.

Се вчитува...