Пелегрини: Вест хем ќе излезе од кризата, се што треба е играчите да ме слушаат

Вест хем потроши над 100 милиони фунти на нови фудбалери, па токму затоа огромно е разочарувањето меѓу навивачите откако „чеканите“ во првите четири кола не освоија ниту еден единствен бод. Маурицио Пелегрини в недела против Евертон ќе се обиде да избегне да стане првиот тренер на Вест хем што по пауза од 35 години стартувал една сезона со пет порази, но чилеанскиот стручњак е оптимист дека ќе успее да најде излез од кризата.

„Секако дека не сме задоволни, резултатите воопшто не се какви што очекувавме. Сите сме разочарани, почнувајќи од мене и управата, преку играчите и навивачите. Сепак, убеден сум дека можеме да излеземе од оваа криза, е што треба е играчите целосно да ги слушаат моите совети и да ги пренесуваат на теренот. Не станува збор за експеримент, туку за нормален процес на нов тренер и многу нови играчи за кој секогаш е неопходно време за да профункционира. Една од најважните работи е фудбалерите да престанат да стравуваат дека нешто ќе им се случи, бидејќи со таков пристап секогаш се случуваат лоши работи, мораме повеќе да веруваме во себе и да размислуваме позитивно“ – изјави Пелегрини.

Чилеанскиот стратег е свесен дека дуелот со Евертон е клучен за него, бидејќи потоа му престојат пресметки со Челси и со Манчестер јунајтед, а во случај на нови три прази јасно е дека Вест хем ќе нема друг избор освен да се раздели од трофејниот стручњак.

Се вчитува...