Пелистер 2 потпиша со тројца ракометари

Екипата на Пелистер значително се засилува за битките во СЕХА и во европските купови, но битолскиот клуб истовремено го екипира и својот втор тим, во кој шанса ќе добијат исклучиво домашни ракометари.

За нов тренер именуван беше Александар Јовиќ, а Пелистер 2 денеска потпиша договори со тројца ракометари, Стефан Дрогришки, Стефан Талевски и Иван Димитровски. За Дрогришки се интересираа неколку скопски прволигаши, но битолчани не сакаа да се откажат од „своето дете“, му понудија далеку подобри финансиски услови од ривалите и го задржаа во својот табор. Тој потпиша едногодишен договор, исто како и Талевски, додека младиот Иван Димитровски се обврза на двогодишна верност кон вториот битолски тим.

Од таборот на Пелистер 2 најавуваат дека во периодот кој што следи клубот ќе го претстави комплетниот проект, останатите засилувања и стручниот штаб за сезоната 2020/21.

Се вчитува...