Пелистер 2 преку Струга до прва победа во плеј-офот од Суперлигата

Ракометарите на Пелистер 2 стигнаа до првата победа во плеј-оф фазата во Суперлигата откако на домашен терен славеа над Струга со убедливи 31-16. Битолчани со серија од 7-0 уште од стартот на мечот ја покажаа разликата во квалитет и до крајот без никакви проблеми успеаја да го исконтролираат мечот за конечен триумф.

Иван Димитровски со шест гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените по четири постигнаа Крстаноски и Савески.

Се вчитува...