Пелистер 2 сигурно против Скопје, Бутел во „трилер-меч“ подобар од Радовиш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до убедлив триумф (24-29) на гостувањето кај новајлијата Скопје во 6. коло од ракометната Суперлига на Македонија. Домаќините одиграа солидно прво полувреме во кое на пауза заминаа со негатива од само два гола 12-14.

Сепак, битолчани во вториот дел ја покажаа разликата во квалитет и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 24-29. Цветан Кузмановски со шест гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Василевски и Мишевски.

Во вториот натпревар во понудата од 18 часот во трилер натпревар Бутел стигна до минимална победа над Радовиш од 21-22.

Се вчитува...