Пелистер без тренер – Марковски си поднесе оставка

Борче Марковски од вечерва повеќе не е тренер на Пелистер, откако самиот си поднесе оставка по убедливиот пораз од градскиот ривал Работник (22-15). Овој стратег дојде на клупата на „пелистерци“ на почетокот од годинава, по неочекуваната одлука на новата управа да се раздели од Стевче Алушовски, под чие водство Пелистер играше извонредно и се наоѓаше на врвот на табелата.

Марковски се обиде достојно да го замени Алушовски, во меѓувреме беа доведени и неколку квалитетни засилувања, но формата на тимот почна да се движи во надолна линија, што кулминираше со денешниот убедлив пораз на битолското дерби.

Неофицијално, главен фаворит за нов тренер на Пелистер е поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски. Тој беше поврзуван со оваа функција и пред именувањето на Марковски, но тогаш имаше ангажман како селектор на Израел. Шундовски во меѓувреме си заминува од оваа функција, па сега е слободен за прифаќање на нов тренерски ангажман во мак-ракометот, и тоа како шеф на стручниот штаб на Пелистер.

Се вчитува...