Пелистер денеска од 15 часот испишува историја со првиот натпревар на „Јадранот“ во кој избраниците на Марјан Илиевски ќе се сретнат со Ловќен во последниот меч од првото коло од балонот во Златибор.
„Зелено-белите“ на овој натпревар влегуваат на крилјата на двете победи во домашното првенство над МЗТ Скопје и Академија ФМП, додека за црногорискиот состав ова ќе биде прв натпревар во сезоната.
„Ова е прв интернационалец предизвик за екипата на Пелситер и нашите очекувања се да го претставиме тимот на најдобар можен начин. Ќе се обидеме да го дадеме својот максимум на секој натпревар. Одбраната ќе биде пресуден фактор за дуелот против Ловќен. Екипата која ќе одигра подобро во одбраната ќе излезе и како победник“, изјави за ЕКИПА, Стојан Ѓуроски.
Во однос на претходната сезона кога составот од Цетиње се сретна со МЗТ Скопје и Работнички, има променет состав со заминувања на дел од клучните играчи па ќе биде интересно да го проследиме денешниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА