Пелистер доминантно до полуфинале

Пелистер го осигура своето место во полуфиналето од разигрувањето за титула откако во вториот четвртфинален натпревар славеше против Академија ФМП со 45-87. „Зелено-белите“ го диктираа темпото од почетокот до крајот на мечот, одиграа одлична одбрана над најдобриот кошаркар на домаќините, Стефан Крстајиќ и сосема заслужено стигнаа до нова победа против „пантерите“.

Заморот беше видлив во редвоите на домаќините на отварањето на средбата, а на избраниците на Петровиќ не им помогна ниту добрата одбрана на Пелистер над Крстајиќ. „Академиците“ првите поени го постигнаа по повеќе од шест минути игра, меѓутоа ниту битолчани не успеаја да направат значајна разлика па по 10. минути игра на семафорот стоеа скромни 5-15. „Зелено-белите“ продолжија да ја диктираат играта и во втората четвртина, од минута во минута го зголемуваа водството кое на полувремето изнесуваше 21-41.

Второто полувреме не донесе промени на паркетот, Пелистер продолжи да го диктира темпото па до крајот на третата четвртина поведе со -. Тренерите на двата тима во вториот дел од мечот им дадоа шанса на сите играчите во својот ростер па можевме да ги проследиме и играчите кои во иднина ќе треба да го предводат мак-баскетот.

Љубиша Димитиевски беше еднинствениот двоцифрен во редовите на Академија ФМП со 10 поени на кои младиот играч додаде и 5 скока. Никола Силаџи ги предводеше гостите со 14 поени и 7 скока, еден помалку додаде Калахан, додека како двоцифрени со по 11 поени натпреварот го завршија и Стајиќ и Нацевски.

Се вчитува...