Пелистер ги „чисти“ странците – уште две заминувања од Битола?

Пелистер ја продолжува најавената „чистка“ на странски ракометари, па откако Владимир Зејак и Мохсен Карамијан минатиот месец си заминаа од клубот се очекува во најскоро време истото да се случи со уште двајца немакедонски играчи во битолскиот клуб.

Станува збор за десниот бек Вук Перовиќ и за голманот Милош Рајичиќ, кои се наоѓаат на излезна врата од битолскиот клуб. Целта е јасна – Пелистер својата игра да ја базира на што повеќе домашни ракометари, тренерот Јошко Петковиќ не криеше дека тоа е негова желба уште при самото доаѓање на кормилото, а со последните потези јасно е дека управата целосно застанува зад оваа иницијатива на актуелниот шеф на стручниот штаб.

Пелистер со значајниот триумф над Бутел во минатото коло направи џиновски чекор напред кон обезбедување на место во плејофот. Битолскиот клуб моментно се наоѓа на третото место на суперлигашката табела со 23 бода, два повеќе од петтопласираниот Охрид.

Се вчитува...