Пелистер ги почна подготовките, Борче Маневски големо засилување

Со искусниот Борче Маневски во нападот и уште две нови имиња, Мирко Симјановски од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа, фудбалскиот второлигаш Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона. Тимот на Дарко Крстески го напуштија Ристе Марковски, Ристе Илиовски, Јовче Трајковски и Петар Љамчевски, а кадровски Пелистер е засилен со Пеце Коруновски на позицијата спортски директор.

„Почнуваме со лесни тренинзи денеска и утре, а од петок следи двојна програма. Имаме време, нема да се форсираме, но ако сакаме Прва лига, таа сега се сработува, во подготвителниот период, оти кога ќе дојдат натпреварите – ќе биде доцна. Пелистер ќе работи во Битола, ќе одигра пет пријателски натпревари, дел од нив најверојатно во Охрид“, изјави тренерот Дарко Крстески.

Фото: www.bitolanews.mk

Се вчитува...