Пелистер го доби и Работнички и остана максимален во домашниот шампионат

Кошаркарите на Пелистер остануваат единствениот тим без пораз во домашниот шампионат, откако вечерва успеаја во еден интересен натпревар на домашен терен да слават над Работнички со 88-84.

Првата четвртина помина во израмнета игра во која за нијанса беа подобри домаќините (27-25). Во вториот период битолчани одиграа далеку подобро па на пауза заминаа со предност од 52-40. Во третиот период гостите од Скопје одиграа добро во одбраната па по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше 69-63. Во последниот период „пелистерци“ ја задржаа предноста и на крајот стигнаа и до осмиот триумф сезонава (88-84).

Никола Малешевиќ со 15 поени беше најефикасен кај домаќинот, додека во таборот на „центарци“ Џексон Пол заврши со 28 поени.

Се вчитува...