Пелистер го официјализираше и пивотот Кушан

Пелистер официјализираше уште еден трансфер, откако беше обелоденето дека Томислав Кушан е член на актуелниот македонски вицешампион. Станува збор за преговори кои беа успешно финиширани уште пред извесно време, за денеска Кушан и официјално да го стави потписот на договорот со битолскиот клуб.

Станува збор за пивот висок 200 сантиметри кој игра добро и во одбраната. Тој доаѓа од редовите на шпанскиот клуб Ла Риоха, а во Пелистер ќе го замени Украинецот Шевелев.

„Поздрав до сите навивачи на Пелистер, мило ми е што станав дел од овој клуб“, порача Кушан по потписот на договорот со битолчани.

Кушан е шестото засилување на Пелистер за следната сезона, по Танкоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Мараш и Периќ.

Се вчитува...