Пелистер владее со Пелагонија и го освои Прилеп (1-2), Академија Пандев го освои првиот бод во елитата со реми (1-1) на Чаир против Шкупи, а Силекс минимално го победи Скопје со 1-0, за „тројка“ на стартот од шампионатот.
Пелистер покажува дека и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман, откако ја совлада Победа на Могила со 1-2. Иве Трифуновски во 24.минута го доведе Пелистер со прецизен удар од 14 метри, а Победа израмни преку некогашниот „пелистерец“, Борче Маневски, од пенал, во 51.минута од средбата. Но, Лукас во 70.минута, по нафрлувањето на Тошевски од десната страна, реализираше за триумф на Пелистер во пелагониското дерби. Одличен прволигашки старт и за тренерот Срѓан Захариевски на клупата на „зелените“.
Академија Пандев го освои првиот бод во елитната конкуренција, и тоа веднаш, во својот дебитантски настап, а може да жали и зошто не го освои Чаир. Љупчо Дориев беше стрелец на погодокот за „пандевци“, откако во 77.минута во соло пробив надмудри неколку противнички фудбалери и го совлада Зендели со шут од околу 15 метри. Но, Шкупи не се предаде така лесно и успеа да израмни во 89.минута. Хусеин Демири постигна еврогол за израмнување и еден бод на стартот од шампионатот.
Во првото полувреме Јани Атанасов ја погоди гредата од слободен удар, а и Шкупи најчесто се закануваше по прекини на играта. Бајрами во 45.минута упати силен шут, но Вујанац го одбрани неговиот удар. Во второто полувреме, Јашароски имаше одлична шанса вбо 72.минута, но не реализираше. Но, потоа дојдоа и головите на Чаир.
Во Кратово, Силекс очекувано дојде до триумф над ФК Скопје, со 1-0. Решавачкиот момент се случи во десеттата минута, кога Маркос де Оливеира Жуниор се ослободи по десната страна, шутираше откосо и успеа да ја затресе мрежата на гостите.
ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР 1-2
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
СИЛЕКС – СКОПЈЕ 1-0
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-0
Табела: Шкендија 3, Пелистер 3, Силекс 3, Академија Пандев 1, Шкупи 1, Ренова 1, Работнички 1, Победа 0, Скопје 0, Вардар 0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА