Пелистер го совлада тимот на Динамо Букурешт со 2-0 во пријателски натпревар одигран денеска на „Петар Милошевски“ во Битола, по повод 80-годишнината на „зелено-белите“.
Головите се случија во последните 15 минути, кога најпрво автогол на Тоадер, а потоа и со погодок од пенал на Ристевски, Пелистер успеа да слави тирумф. На трибините имаше солидна посетеност, со многу легенди на клубот во изминатите години.
На клупата дебитираше Милан Стојановски кој го замени Димитар Капинковски на клупата. Во исто време навивачката група Чкембари го славеше својот 40-ти роденден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

