Матео Мараш и официјално е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. 20-годшниот ракометар во Битола дојде од редовите на екипата на Балиќ Метличиќ од Сплит. Тој беше дел од кадетската репрезентација на Хрватска која настапи на Светското првенство кое се одржа во Скопје, а паралелно беше дел и од младинските конкуренции и од првата лига во Хрватска.
Следна трансфер цел на „зелено-белите“ е потпишување со искусниот хрватски пивот, Томислав Кушан, кој минатите три сезони беше дел од шпанската Ла Риоха. Покрај хрватскиот двоец, Пелистер потпиша и со Танкоски, Кукуловски и Периќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА