Пелистер го врати Илијовски, на местото на Борха

Пелистер го врати во своите редови поранешниот свој играч Ристе Илијовски како замена за Александер Борха за пролетниот дел од сезоната.

26-годишниот Илијовски изминатава полусезона настапуваше за Тиквеш, а претходно во својата кариера има настапи и за Фљамуртари Приштина, како и во исландски Хотур. На домашната фудбалска сцена во минатото беше дел и од Младост Царев Двор и прилепска Победа.

Се вчитува...