Пелистер го задржа и Никола Малешевиќ

Пелистер склопи уште една коцка од мозаикот за тимот за наредната сезона, откако по Игор Кесар успеа да го задржи и Никола Малешевиќ во своите редови. Српскиот крилен кошаркар беше меѓу последните кои пристигнаа во пресрет на минатата сезона, но веднаш се наметна како еден од лидерите во тимот на Марјан Илиевски.

Иако се чинеше дека се наоѓа на излезна врата од клубот, Малешевиќ на крајот постигна договор за едногодишна соработка со „пелистерци“. Тој е четвртиот странец во ростерот на Пелистер, заедно со Игор Кесар и со Американците Чиз и Хотон.

Битолчани во новата сезона ќе учествуваат и во АБА2, што беше прична за формирање на квалитетен ростер, па покрај овие четири странци беа задржани и репрезентативците Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, а како домашни засилувања беа ангажирани Младеновски, Ѓуроски, Караџовски и Младеновиќ.

Се вчитува...