Пелистер и Работнички без победник, „Академците“ до прва прволигашка победа!

Дербито меѓу Пелистер и Работнички на 2. коло од Првата македонска фудбалска лига заврши без победник, 1-1, Вардар убедливо стигна до првата победа сезонава а прва историска своја прволигашка победа запиша и Академија Пандев која со 2-0 славеше против Скопје во Струмица.

Тоа се резултатите од трите денешни натпревари од Првата домашна лига, генерално очекувано без многу изненадувања.

Дербито под „Тумбе кафе“ мина во допадлив фудбал пред се во второто полувреме кога се случија главните возбудувања. Најпрво репрезентативецот Кире Маркоски во 50. минута донесе водство за Работнички. но потоа домашните главно ја презедоа комплетната контрола на играта и во 66. минута следеше убавиот погодок за израмнување на Благојче Љамчевски.

Pelister - Rabotnicki 8

Вардар, пак, својата задача на стадионот во Ѓорче Петров си ја заврши уште во првиот дел. Најпрво погоди Барсегјан во 6. минута, а потоа следеше голот и на Којашевиќ во 45. минута.

Во второто полувреме, најновото засилување Бразилецот Итало на дебито го постигна својот прв гол за Вардар за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Хуан Фелипе во 83. минута од пенал.

Академија Пандев со 2-0 славеше против Скопје, со двата гола уште во првиот дел на Дориев и Атанасов.

РЕЗУЛТАТИ – ПРВА ЛИГА, 2. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА (4-0)

Барсегјан 4′, Којашевиќ 45’+, Итало 69′, Фелипе 87′(п)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Љамчевски 66′ – Маркоски 50′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (2-0)

Дориев 6′, Атанасов 36′

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 0-3

УТРЕ

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА: Силекс 6 бода, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Шкендија(-1) 3, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи(-1) 1, Ренова 1, Скопје и Победа без бодови.

Се вчитува...