Пелистер избра – Томче Петрески е нов тренер на битолчани

Томче Петрески е изборот на челниците на Пелистер за нов кормилар на оваа екипа откако досегашниот тренер Борче Марковски си поднесе оставка по последниот пораз на градското дерби против Работник. Во последните денови се шпекулираше со неколку имиња, за на крајот сепак да се постигне договор со Петрески.

Раководството на РК Пелистер , денес на одржаниот состанок едногласно му даде доверба на Томче Петрески да го води Пелистер по оставката на досегашниот тренер, Борче Марковски“ – објави Пелистер на својата официјална фејсбук-страница.

Овој стручњак ќе треба час поскоро да се врати назад во Македонија ако се знае дека има ангажман во мароканскиот прволигаш Спортиг Оудја, тим со кој бележеше одлични резултати, но сепак не одолеа на понудата за камбек назад во Пелистер, тим за кој своевремено настапуваше и како играч.

Се вчитува...