Пелистер ја прекина низата од четири победи на Феникс во домашниот шампионат

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до нов триумф во Првата лига откако денеска на домашен терен во арената „Боро Чурлевски“ во Битола славеа над Феникс со 71-67 и со тоа ја прекинаа низата од четири победи на гостинскиот тим.

Гостите феноменално го стартуваа натпреварот и веќе по првата четвртина имаа двоцифрена предност (10-22). Како одминуваше првото полувреме избраниците на Дарко Радуловиќ успеваа да најдат ритам, па до паузата успеаја да ја преполоват негативата (31-37).

Пелистерци во второто полувреме на теренот излегоа како некој нов тим од првите 20 минути, па со одлична игра, особено во фазата на одбрана успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 71-67.

Јуре Планиниќ со 21 поен беше најефикасен во таборот на побендичкиот тим, додека кај поразените недоволни беа 24 поени на Семаје Џонс.

Се вчитува...