Пелистер ја прекина победничката серија на охриѓани

Кошаркарите на Пелистер ги освоија бодовите на гостувањето против Охрид (69-77) и ја прекинаа серијата на охриѓани од три победи по ред. За битолскиот тим ова се први бодови по четирите порази во серија во претходните четири дуели во Првата лига.

Ефикасниот старт на пелистерци им донесе предност во првата четвртина со 13-19. Кошаркарите на Охрид во втората четвртина успеаја да фатат чекор и на полувремето намалија на два поен негатива (35-37).

Ефикасниот Габриел Билер беше незадржлив за домаќините и го одржуваше Пелистер во водство и во третата четвртина која гостите ја добија со 17-21.

Охрид го засили темпото во решавачката последна четвртина. Тргнаа офанзивно и со тројката на Зафиров намалија на 59-60. Сепак, Пелистер успеа да се одбрани, го задржа водството до крај и ја запиша втората победа сезонава.

Билер беше најефикасне во победничкиот тим со 32 поени, дополнети со седум скока и една асистенција. Харис постигна 18 поени, еден скок и седум асистенции. Во тимот на Охрид најефикасен беше Миладиновиќ со 16 поени дополнети со девет скока.

Се вчитува...