Пелистер конечно доби нови сопственици, Пеце Стојчевски нов извршен директор

По одржувањето на Собранието на акционери на клубот, ФК Пелистер и дефинитивно ја промени сопственичката структура која сега и официјално е одземена од досегашните акционери ЗК “Пелагонија“, “Орка холдинг“ , “Пелистерка“ и “Жито Битола“.

„Зелените“ сега имаат нова сопственичка структура предводена од две битолски компании, при што за нов извршен директор е назначен Пеце Стојчевски – сопственик на кафе ресторанот “Корзо“, а за директор на Бордот на директори е назначен Зоран Лазаров, директор на Клиничкиот центар – Битола.

Во новата управа се уште и поранешен меѓународен судија Љубомир Крстевски – Крцул, Марјан Трифуновски и Боге Пишмановски. Општина Битола, останува со 25 проценти од вкупниот број на акции, а во новата управа Општина Битола ќе има двајца претставници.

Интенцијата на новите раководители, како што истакнаа, е Пелистер конечно по една година да застане на здрави нозе и да се врати во прволигашкото друштво.

Се вчитува...