Пелистер на Чаир не виде аир: „Петарда“ од Шкупи, хет – трик на Илијоски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Шкупи остварија убедлива победа (5-2) против Пелистер во одложениот натпревар кој денеска се одигра на стадионот „Чаир“ во Скопје. Избраниците на Зекирија Рамадани беа подобар противник и заслужено славеа, пет пати тресејќи ја мрежата на гостите од Битола. Заедно, исполнија и „7+“, обложувачите знаат што значи тоа. Поранешниот „пелистерец“, Баже Илијоски, постигна хет – трик против клубот од каде и пристигна на Чаир. Со овој триумф, Шкупи се врати во трката за излез во Европа со 42 бода, а Пелистер остана закован на дното, со 31 бод.

Ален Јашароски во петтата минута го отвори резултатот, а Баже Илијоски во 12.минута зголеми на 2-0. Петар Љамчевски намали шест минути подоцна, но Баже Илијоски повторно донесе два гола предност пред полувремето.

Во вториот дел, Баже Илијоски стигна до хет – трик во 47.минута, Ристе Маркоски намали на 4-2, а конечниот епилог го постави Буњамин Шабани во 75.минута од дуелот.

 

Се вчитува...