Пелистер на „крилјата“ на Пеев го освои Кратово, прв триумф на Победа!

Пелистер одигра одличен натпревар славејќи со 1-4 на гостувањето против Силекс во Кратово во дербито на 3. коло од Првата македонската фудбалска лига.

Херој на победата на „пелистерци“ беше Оливер Пеев кој запиша хет-трик за својот тим со головите во 37., 58. и 70. минута, а Баже Илијоски во 76. минута беше стрелец на четвртиот погодок.

Прва победа сезонава запиша Победа со триумфот од 2-1 против Шкупи во Прилеп. Творец на победата на прилепчани беше искусниот Гешоски кој стрелаше во 73. минута за триумф.

Skopje - Renova 5

На дуелот на Автокоманда, Скопје и Ренова одиграа натпревар без голови.

РЕЗУЛТАТИ… ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (1-4)

Тимов 84′ – Пеев 37′, 58′, 70′, Илиоски 76′

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ (2-1)

Карчески 61′, Гешоски 73′ – Стојкоски 64′

УТРЕ

Тетово: ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (одложена)

ТАБЕЛА: Пелистер 7 бода, Шкендија(-1) 6Силекс 6, Академија Пандев(-1) 4, Вардар(-1) 3, Победа 3, Работнички(-1) 2, Ренова 2, Шкупи 1, Скопје 1 бод.

Се вчитува...