Пелистер не запира – потпишан и Караџовски

Пелистер беше меѓу најпријатните изненадувања минатата сезона во кошаркарскиот шампионат, а битолчани делуваат решено во новата сезона да направат чекор напред и да се вмешаат во борбата за највисок пласман. Од ланскиот ростер остана најдобриот странец Кесар, потоа клучните домашни играчи Трајковски и Стајиќ, а доведени се уште неколку квалитетни кошаркари како засилувања.

Последен од нив е Димитар Караџовски, искусниот плејмејкер кој ја прифати понудата за едногодишна соработка со „пелистерци“. Тој ја почна ланската сезона во Кожув, потоа се пресели во Работнички, а во текот на летово интерес за неговите услуги покажуваше и Академија ФМП.

„Пелистер ќе биде мој нов клуб за наредната сезона. Постоеше интерес и од други екипи, но раководството на Пелистер реагираше експресно, веднаш по апликацијата за АБА2 ми даде понуда по која многу брзо се договоривме. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за да дадам придонес во остварувањето на клупските цели“, изјави Караџовски за ЕКИПА.

Се вчитува...