Пелистер почна со засилувања, прв потпиша Младеновиќ од Работнички

Пелистер не успеа да стигне до финалето на плејофот во македонскиот шампионат, но битолчани веќе почнаа со планирање на играчкиот состав за наредната сезона. Тренерот Илиевски се враќа на клупата по надминатите здравствени проблеми поради кои го пропушти финишот од сезоната, а прво засилување на „пелистерци“ е играч што стратегот на битолчани добро го познава – плејмејкерот Марјан Младеновиќ.

Станува збор за експлозивен играч од кого Илиевски го вадеше максимумот во Блокотехна, тим со кој стигна и до трофејот во БИБЛ-лигата. Двајцата потоа почнаа соработка и во Охрид, но тој проект пропадна непосредно пред стартот на сезоната. Младеновиќ минатата сезона ја мина во дресот на Работнички, каде воглавно беше резервна опција на тренерот Мираковски.

По истекот на договорот со „центарци“, искусниот плејмејкер реши на самиот почеток од летото да ги разреши сите дилеми околу иднината, потпишувајќи договор со Пелистер.

Се вчитува...