Пелистер подготвува спектакл против Динамо Букурешт за прославата „80 години од формирањето на клубот“!

Еден од најславните македонски фудбалски колективи, ФК Пелстер својот голем јубилеј – 80 години од формирањето на клубот, ќе го одбележи, меѓу другото, и со пријателскиот натпревар со еден од најпознатите романски клубови Динамо Букурешт.

Пријателскиот натпревар ќе се одигра в недела (12 октомври) со почеток од 17:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

„Следува голема прослава со богата спортска и културна програма, во чест на нашата зелено-бела историја и љубовта кон Пелистер и Битола. Во рамките на прославата, и најдобрата навивачка група Чкембари, спремаат спектакл и прослава за 40 години постоење“ – информираат од ФК Пелистер.

Се вчитува...