Пелистер покажа моќ, на патот му стои само уште Вардар (Фотогалерија)

Пелистер е на добар пат да ја одбрани титулата во ракометниот шампионат на Македонија откако „зелено-белите“ вечерва одиграа перфектен дуел против вицепрвакот Алкалоид, уште еднаш потврдувајќи дека моментно се тим број 1 во мак-ракометот.

Дисциплинирано во одбраната, ефикасно во нападот, „пелистерци“ одиграа беспрекорно во текот на целото дерби. Филип Кузмановски е преполн со самодоверба, што е одлично и за битолскиот тим, но и за македонската репрезентација… Лесјак одбрани клучни топки, потоа се надоврза и Гедбан… беспрекорен беше и Цехте.

Алкалоид моментно е далеку зад шампионското ниво на „пелистерци“, но нема сомнеж дека овој пораз ќе придонесе „сино-белите“ од Автокоманда уште понапорно да работат за веќе во следната сезона далеку посериозно да му се спротивстават на овој голем ривал.

За Е. Пелистер ова беше огромен чекор кон титулата, на патот му стои само уште Вардар и дербито во вторник во Скопје. Дури и со пораз „пелистерци“ би останале во пол-позиција, но победа или реми ќе значи и разрешување на сите дилеми во трката за титулата.

Она што радува беше спортската атмосфера во текот на сите 60 минути, беспрекорната арбитража на најдобрите судии Начевски – Николов, ферплејот што го покажаа играчите на двете екипи… Како што доликува на едно вистинско ракометно дерби.

Се вчитува...