Пелистер поразен и од Левски на турнирот „Плевен 2022“

По вчерашниот пораз од домаќинот Спартак Плевен, кошаркарите на Пелистер загубија денеска и во натпреварот за 3. место на интернационалниот турние „Плевен 2022“ во Бугарија.

Во малото финале на турнирот „пелистерци“ загубија со 70-63 од Левски Софија. Во израмнето прво полувреме Левски на пауза замина со само поен предност (32-31), но во вториот дел во самиот финиш со поконцентрирана игра успеа да дојде до победата.

Кај Пелистер најефикасен беше Хаџифејзовиќ со 20 поени, а Донтеј постигна 15 поени, додека кај Левски, Николај Михаилов беше најдобар со 14 поени и девет скока.

Во финалето на турнирот во моментов играат ТФТ Скопје и домаќинот Спартак Плевен.

Се вчитува...