Пелистер поразен и од Војводина во АБА 2

Кошаркарскиот прволигаш Пелистер загуби од Војводина со 66-75. во 4. коло од новата сезона во регионалната АБА 2 лига. Битолчани одиграа солидно прво полувреме по кое на пауза заминаа и со минимална предност од 39-36.

Клучен во мечот беше третиот период во кој „пелистерци“ постигнаа само девет поени и по 30 минути игра имаа негатива од (48-59). До крајот немаа сила за целосно да се вратат во мечот што резултираше со пораз од 66-75.

Малешевиќ со 15 поени беше најрасположен кај битолчани, додека кај победникот Нил заврши со 14 поени.

 

 

 

Се вчитува...