Фудбалерите на Пелистер загубија од Гостивар со 0-1 (0-1) на првиот пријателски натпревар за време на зимскиот подготвителен период.
На дуелот кој се одигра во Охрид, второлигашот до триумфот стигна со погодок во финишот од мечот. Пелистер, поради финансиските проблеми, и неизвесноста околу натамошното функционирање доцна ги стартуваше подготовките дури сега играјќи го првиот тест дуел.
„Пелистерци“ за следниот период имаат договорени пријателски натпревари и со Струга Трим Лум, Ренова и Новаци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА