Пелистер потона и на Чаир, нов блесок на Шкупи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Резултатската криза на Пелистер уште повеќе се продлабочи откако битолскиот клуб загуби на гостувањето во Чаир против Шкупи со минимални 1-0. Пашовски беше трагичар при голот на Бајрами, но Пелистер разочара со севкупниот впечаток, откако голманот на битолчани со неколку одлични интервенции потоа спречи и дебакл на својот тим.

Шкупи одлично го одигра тактички натпреварот, даде гол во првото полувреме, а потоа преку контри и полуконтри опасно се закануваше кон противничкиот гол, апсолутно заслужувајќи ги трите бода од оваа средба. За Шкупи ова беше втор триумф во последните три кола, додека за Пелистер трет пораз во низа, со што се посериозно се тресе клупата на Шенсои, кој веќе во следните неколку дена би можел да добие отказ.

[new_royalslider id=”569″]

Се вчитува...