Пелистер пред нов предизвик во АБА2 – победа над Рогашка за излез од долниот дел на табелата

По триумфот над Младост во првиот натпревар на „балонот“ на АБА2 во Бања Лука, Пелистер денеска од 21 часот силите ќе си ги одмери со Рогашка во многу важен натпревар за излез од дното на табелата.

Словенечкиот претставник во досегашниот дел од натпреварувањето има само една победа, онаа над МЗТ Скопје од второто коло, но во ниеден случај „зелено-белите“ не смеат да го потценат денешниот противник.

Избраниците на Илиевски на натпреварот против Младост покажаа дека можат да се носат и со регионалните тимови, но и овој пат битолскиот состав ќе мора да биде на врвот на својата задача доколку сака да стигне до нови два бода.

За истите ќе потребно да се запре добриот проток на топката на противникот за лимитирање на отворените обиди зад линијата 6,75, а значаен ќе биде и факторот на изгубени топки кои македонскиот состав мора да ги сведе на минимум.

До крајот на четвртиот „балон“ на регионалното првенство Пелистер силите ќе си ги одмери и со Подгорива в петок од 12 часот.

Се вчитува...