Пелистер против лидерот на табелата за излез од црната криза во АБА2

Во вториот натпревар од АБА2 балонот во Сараево, Пелистер од 21 часот силите ќе си ги одмери со лидерот на табелата и досега непоразениот Борац Бања Лука.

Битолчани на овој меч влегуваат со цел излез од серијата на три порази едно по друго во второто по ранг кошаркарско натпреварување на „Јадранот“ и приклучување кон првата половина од табелата која води во доигрувањето за титула и место во АБА лигата.

На „зелено-белите“ нема да им биде воопшто лесно против досега непоразениот состав од Босна и Херцеговина кој покрај АБА2 лигата е перфектен и во домашното првенство. Дали избраниците на Илиевски ќе бидат првите кои ќе го најдат решението за тимот на Николиќ останува да видиме.

Се вчитува...