Пелистер против Сутјеска до деби победа во АБА 2

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до првата победа во историјата во АБА 2, откако во 2. коло славеа над Сутјеска со 93-73. По убедливиот пораз од Ловќен во првото коло „зелено-белите“ одиграа тотално различен натпревар и со одлична игра успеаја да го запишат првиот триумф.

Првото полувреме помина во израмнета игра во која за нијанса подобри беа битолчани кои на пауза заминаа со водство од 51-47. Клучна во мечот беше третата четвртина во која иако тренерот Марјан Илиевски доби исклучувачка лична грешка, „пелистерци“ ја направија клучната разлика и по 30 минути игра имаа предност од 78-63.

До крајот успеаја да го исконтролираат мечот за конечен триумф од 93-73.

Никола Малешевиќ и Бојан Трајковски со по 16 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Владимир Томашевиќ.

Се вчитува...