Натпреварите од АБА2 балонот во Сараево за македонските тимови продолжуваат денеска со мечот помеѓу Златибор и Пелистер од 12 часот на кој избраниците на Илиевски и покрај проблемите ќе целат на победа за крај на серијата од четири порази едно по друго во регионалното натпреварување.
Последниот од нив доаѓа од лидерот на табелата Борац Бања Лука со кој „зелено-белите“ покажаа каракатер па и покрај краткиот ростер без повредените Ѓуроски, Караџовски и Хогтон и двоцифрената негатива во втората четвртина успеаја да се вратат во мечот, но не и да ја задржат предноста против фаворизираниот противник.
Битолскиот состав цели кон излез од кризата, но нема да му биде лесно ни против српскиот состав кој по шест меча има половичен учинок од три победи и три порази. За победа на Пелистер ќе му биде потребна агресивна одбрана над бековските линии за прекинување на добриот проток на топката и отворените обиди за три поени, сегмент од играта кој го краси тимот од Чајетина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА