Пелистер рутински против ФМП Академија за „два од два“

Кошаркарите на Пелистер стигнаа и до вториот триумф во годинашната сезона во кошаркарската Лига на Македонија, откако без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај Академија ФМП со 66-89.

Гостите уште во првата четвртина ги разрешија сите дилеми добивајќи ја со 11-26. Тимот од Кисела Вода одигра на ниво само во третата четвртина која ја доби со десет поени и успеа да се приближи на минус четири 57-61.

Сепак, тоа беше се од нив и битолчани со сигурна игра во последните десет минути ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Игор Кесар со деветнаесет поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Стефан Крстајиќ со 24 поени.

Се вчитува...