Пелистер се врати на победите во АБА2

Пелистер се врати на победите во АБА2 лигата запишувајќи ја и четвртата победа во петтата рунда натпревари, овој пат со 83-71 славејќи против Осијек.

Битолчани предводени од Мустафица и од Хаџифезовиќ поведоа со 6-0 во раната фаза од мечот, но првата четвртина мина во израмнета игра што Пелистер ја заврши со минимално водство од 20-18. Вторите 10 минути исто така беа максимално израмнети, македонскиот вицепрвак за момент поведе со 25-20, но противникот од Хрватска експресно се врати во мечот, за „пелистерци“ со поените на Карудерс пред самиот крај да заминат на одмор со минимална предност (40-38).

Осијек беше подобар тим во третата четвртина од овој натпревар, во која хрватскиот претставник за момент поведе со шест поени (49-55). Карпентер погоди тројка во важен момент за да го запре налетот на противникот, по што Пелистер до крајот на четвртината ја намали негативата на три поени (60-63). Последниот период почна во знакот на битолскиот клуб, нападот функционираше одлично, па по тројката на Караџовски за водство од 73-67 противничкиот тренер беше принуден да побара тајмаут.

Нападот на хрватскиот тим беше далеку од посакуваното ниво во овој дел од мечот, а битолчани го искористија тоа за да поведат со 77-69 на три и пол минути до крајот. Хаџифејзовиќ веднаш по влегувањето во игра ја доби петтата лична грешка на две и пол минути до крајот, при резултат 77-71. Пелистер и без помошта на својот најдобар играч успеа да ја задржи предноста, триумфирајќи со конечни   , за трета победа во АБА2 лигата сезонава.

Хаџифејзовиќ со 20 поени, седум скокови и четири асистенции беше најефикасен кај македонскиот претставник, Караџовски постигна 17, а Карпентер 15 поени за „пелистерци“. Во поразениот тим се издвои Врањеш со 22 постигнати поени.

Се вчитува...