КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона и го промовираше второто ново име во ростерот за натпреварувачката 2026/27. По ангажманот на Благој Димитриев, битолскиот клуб потпиша договор и со Алонзо Едвард Денинг.
Станува збор за кошаркар кој е роден во Соединетите Американски Држави, но има македонско потекло и поседува македонско државјанство. Тоа значи дека во домашното првенство ќе има статус на домашен играч, што претставува дополнителна предност за битолскиот состав.
Денинг настапува на позицијата крилен центар и зад себе има интернационално искуство, играјќи во првенствата на Азербејџан, Еквадор и Косово. Со својата физичка сила, скок-игра и разновидност во рекетот, се очекува да донесе дополнителен квалитет во составот на Пелистер, кој амбициозно го гради тимот за претстојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
