Македонскиот вицешампион Пелистер е најактивен на пазарот во последните денови, откако по Марио Танкоски осигура уште едно ново засилување за бековската позиција. Станува збор за репрезентативецот на БиХ, Јосип Периќ, кој пристигнува од бундеслигашот Гепинген како замена за Ловро Јотиќ по неговиот трансфер во Бенфика. Периќ денеска потпиша двогодишен договор со „пелистерци“, по што порача дека со нетрпение го очекува почетокот на новата авантура во кариерата.
„Ги поздравувам сите навивачи и пријатели на Пелистер од Битола. Со задоволство ве информирам дека од денес и јас сум дел од вас. Се надевам дека ќе оствариме многу успеси и заеднички ќе прославиме многу титули. Дотогаш, се гледаме во Битола“, порача 27-годишниот Периќ.
Јосип Периќ е креативен среден бек, висок 180 сантиментри и зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Новото засилување на битолчани кариерата ја почна како член на Извиѓач од Љубушки, а потоа го носеше дресот на Босна, Татабања, играше во Катар и Романија (Одорхеи и Дунареа). Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина, запиша 39 настапи и постигна 45 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА