КК Пелистер продолжува активно да го гради тимот за сезоната 2026/27, а најново засилување на битолскиот клуб е младиот и перспективен кошаркар Коста Кириловски. Со неговото доаѓање, Пелистер го добива третото ново име во ростерот во пресрет на новата натпреварувачка година.
Кириловски важи за еден од најталентираните млади играчи во македонската кошарка. Станува збор за високо крило кое своите први кошаркарски чекори ги направи во школата на Водно Санс, каде што го привлече вниманието со своите физички предиспозиции, енергија и разновидност во играта.
Во изминатите две сезони настапуваше за Игокеа и Кожув, каде што стекна драгоцено искуство и дополнително напредуваше во својот развој. Неговите настапи не останаа незабележани, па Кириловски редовно е дел од младинските репрезентации на Македонија, а веќе се наоѓа и на поширокиот список на сениорската национална селекција.
Во Пелистер веруваат дека ангажманот на Кириловски претставува инвестиција за иднината, но и играч кој уште од првата сезона може да даде значаен придонес во амбициите на клубот. Битолчани продолжуваат со формирањето на конкурентен состав со кој ќе атакуваат на висок пласман во домашното првенство и забележителни резултати на меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
