Пелистер за пролетниот дел од сезоната се засили со досегашниот фудбалер на Беласица, Дарко Размоски.
21-годишниот Размоски кој игра на офанзивните позиции треба да биде сериозно засилување за нападот на Пелистер во битката за опстанок.
Досега редовите на Пелистер ги напушти Колумбиецот Борха кој реализираше трансфер во Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА