Фудбалерите на Пелистер на домашен терен во Битола доживеаја помалку неочекуван пораз од 1-2 од Башкими во последниот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кумановци умешно ги искористија своите први можности на дуелот доаѓајќи до водството од 0-2 веќе по првите 20 минути игра, што се покажа решавачко на крајот за освојување на трите бода.
Хаџиќ е херојот на Башкими кој ги постигна двата погодоци за својот тим. Погоди уште во 5. минута за предност на Башкими од 0-1, а веќе во 20. минута стрелаше и за 0-2.
Во второто полувреме, во 54. минута оправдано досуден пенал за домашните, но не успеа да го реализира капитенот Ристовски.
Сепак, во 66. минута дојде до намалување на предноста на Башкими, по убавата акција по левата страна и погодокот на поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски за 1-2.
Но, тоа беше се што можеа да направат „пелистерци“ кои, и покрај доминацијата и бројните шанси во второто полувреме, мораа да се помират со поразот.
ПМФЛ – 7. КОЛО
Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 1-2
ПРЕТХОДНО
Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ 2-1
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА 1-3
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

