Пелистер славеше против Лабуништа на вториот тест зимава

Битолски Пелистер славеше против второлигашот Лабуништа со 2-1 (0-0) на вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

„Зелените“, на дуелот кој се одигра во Струга, до триумфот дојдоа со пресврт во второто полувреме, со головите на Ристевски и Трифуновски, откако претходно Лабуништа поведе со 0-1.

Како што е познато, во првиот тест натпревар зимава составот на Марјан Секуловски загуби од Гостивар со 0-1.

 

Се вчитува...