Пелистер со еден гол до триумф, Брера убедлива со Шкупи

Пелистер и Брера забележаа победи на домашен терен во последното коло од ПМФЛ, во пресметки што немаа преголемо значење на конечниот изглед на прволигашката табела.

„Пелистерци“ за противник го имаа Башкими, тим што го совладаа со минимални 1-0 со голот што во 24. минута го постигна Србијанац.

Брера за противник го имаше веќе испаднатиот Шкупи, дуел што струмичани го добија очекувано лесно и убедливо со 6-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...