Пелистер со нов трансфер: Сапунџиев се врати во Битола

Пелистер е еден од најактивните клубови на кошаркарскиот пазар летово откако битолскиот клуб предводен од новиот тренер Тане Спасев го објави четвртото засилување за новата сезона.

Станува збор за Иван Сапунџиев, искусниот 31-годишен кошаркар кој се враќа назад во Битола ако се знае дека пред неколку сезони го носеше зелено-белиот дрес.

„Иван Сапунџиев е четврто ново име во проектот на КК Пелистер. Искусниот кошаркар се согласи за враќање во клубот во кој играше од 2022 до 2024 година во домашното првенство и во АБА лигата. Сапунџиев игра на позицијата бек и веќе има акумулирано искуство во мак-кошарката. Роден е на 13 мај 1995 година во Скопје, висок е 197 сантиметри, а во својата кариера има настапувано за повеќе познати клубови во Првата македонска кошаркарска лига. Сапунџиев ги носеше дресовите на Карпош Соколи, Фени Индустри, Вардар и ТФТ Скопје“, објави КК Пелистер.

„Зелено-белите“ претходно ги потпишаа и младинскиот репрезентативец Ќириловски, Благој Димитриев и со Американецот Алонзо Денинг.

Се вчитува...